Кинезите ги фати “потрошувачко лудило” на Денот на самците

Кинеските муштерии вчера на Денот на самците за 24 часа потрошиле над 25 милијарди евра и со тоа постигнале светски рекорд.

На шопинг платформите Таобао и Тмаил кои се дел од најголемата кинеска интернет компанија за онлајн трговија Али Баба за само еден ден се потрошени 163 милијарди јуани или над 25 милијарди долари.

Со овие пари се купени над 800 милиони производи меѓу кои има електронски уееди, облека, бела техника, шминки, играчки, телефони и друго.

Минатата година на истиот ден 11 ноември Али Баба заработи 18 милијарди долари.

Најголемите пандани на Кина во онлајн трговијата во САД на ткн Сајбер понеделник (по Денот на благодарноста) и на Црниот петок прават 5 и 3,4 милијарди долари.

Празникот Ден на самците во деведесеттите години од минатиот век го измислиле кинеските студенти.

Оставете коментар