Гоце Ојлески ќе биде во составот на нашата ракометна репрезентација за мечот со Данска, со кој денеска го завршуваме настапот на Европскиот шампионат во Хрватска.

Крилото ќе го менува капитенот Кире Лазаров, кој е повреден од дуелот со Шпанија и кој вчера, кога ги загубивме сите шанси за добар пласман со поразот од Чешка од 25-24, само изведуваше седмерци.

Натпреварот Македонија – Данска е во Вараждин од 18,15 часот и за нас нема никакво значење околу некаков пласман на првите три позиции на табелата во групата 2, кои обезбедуваат борба за медали или барем за директен пласман на следното Светско првенство.