Клетви и закани за пратеник што гласал за Законот за јазиците

После гласањето ЗА за законот за јазици , станавме мета на секакви закани, клетви по нас и нашите семејства . Немам намера да ги осудам луѓето , напротив живееме во демократско општество каде што ја имаме слободата по одредени теми да се согласуваме или да не се согласуваме, вели пратеникот на СДСМ Костадин Костадинов.

“Но треба да се подзамислиме , има ли поголема лошотија од 600.000 иселени луѓе , има ли полошо од закани и убиства на новинари,кражба на околу 5 милијарди евра народни пари?

Патриотизам за пратеникот од Струмица е комодитетот на животот кој го живее во неговата држава , слободите и правата кои ги ужива , не само гол национализам кој не води кон ништо друго освен кон непотребно нарушени односи со сограѓаните од малцинствата.

“За крај само би го цитирал мојот претседател кој рече : јазикот е да се разбереме , ќе градиме општество еднакво за сите , затоа што за нас , СЕКОЈ е важен”.

За неуставноста на законот и несогласувањето на граѓаните со него Костадинов не кажува ништо. Тој исто така не објаснува дали заканите ги пријавил во МВР.

Оставете коментар