Кличко добива реванш со Џошуа

Loading...

Поранешниот светски боксерски првак во тешка категорија Владимир Кличко ќе добие шанса да му се реваншира на новиот носител на трите најзначајни појаси Антони Џошуа. Британецот му ги одзеде почестите на украинскиот ветеран на 29 април на Вембли, а шанса да ги врати ќе му даде на 29 ноември. Терминот е фиксен, а локацијата може да биде Лас Вегас, Дубаи, некој од кинеските градови или Кардиф, што е желба на Џошуа.

По ова одлука на штабот на Џошуа отпаѓа можноста за “себритански” дуел против Тајсон Фјури.