Меѓунардоната боксерска федерација вчера се изјасни позитивно и дозволи реванш на Ентони Џошуа и Владимир Кличко, но тоа не значи дека до него ќе дојде. Украинецот кој веќе има 41. година и кој во последните два меча доживеа тешки нокдауни денеска за Билд рече дека во оваа фаза од животот размислува поинаку и не е сигурен дека повторно ќе се искачи на рингот.

“Боксот не е се во животот. Имам семејство, дете, обврски. Затоа да размислиме и за две недели ќе објавиме дали ќе одам на реванш со Џошуа”, вели украинскиот колос.

Кличко долго, цели 9 години беше неприкоснивен, а потоа наиде на двајцата Британци Тајсон Фјури и Ентони Џошуа кои го “патосираа”.

SHARE