Ни Кличко, ни Валдер, ни Фјури, ни некој друг, Бугаринот Кубрат Пулев ќе биде прв предизвикувач на новиот светски боксерски првак во тешка категорија, Ентони Џошуа. Кобрата како што го нарекуваат 36. години стариот колос од Софија има 25 победи и само еден пораз, токму од Кличко, а ќе добие предност и тоа веќе во финишот на годинава.

Британецот Џошуа и неговиот менаџер Еди Херн, не сакаат да му дадат реванш на Владимир Кличко бидејќи овој со жалба до ИБФ се обидува да си ја врати титулата по административ пат иако пред дваесетина дена беше разорен на Вембли.

SHARE