Невкусно, морбидно, нечесно и нечовечки постапија дел од хрватските и медиумите од поранешна Југославија кога го прогласија популарниот пејач Оливер Драгојеиќ за мртов. Се тргна од Сплит, што делува како логика зошто далматинскиот кантавтор и потекнува од тој дел, од Вела Лука, но брзо се покажа дека нема вистина во веста. Сплитски Дневник го повлече прилогот, но затоа многу други по Балканот се уште веста ја држат како насловна и најчитана.
Ситуацијата на Оливер е тешка, станува збор за карцином, и тој наверојатно е во кома, но до сега нема официјална потврда дека починал, по што на информациите од попладнево може да се гледа само како на „бизнис“.