Не стивнале реакциите од потврдата на одлуката на шпанскиот суд, за казната од година и половина затвор, условно за Лионел Меси кому му е докажано дека затајувал данок, а од Мадрид доаѓаат информации дека истото го правел и слично ќе го снајде и Кристијано Роналдо.
Даночните испекции подолго време водат истрага во која предмет е Португалецот од Реал Мадрид кој, според обвинението, не платил данок на поголема сума во периодот од 2011. до 2013. година. Роналдо наскоро ќе добие покана од судот и ќе треба да се изјасни за својата вина.

Според првичните сознанија во прашање се меѓу 8 и 15 милиони евра неоданочени пари, со кои ѕвездата директно ја оштетила шпанската држава за што обвинителството може да предложи од 2 до 6 години затвор. Ако Роналдо го следи примерот на Меси би можел веднаш да признае и идентично на Аргентинецот да мине со условна казна.

SHARE