Американецот Џордан Теодор кој пред десетина дена доби македонски пасош пристигна во земјава и од попладнево ќе му се приклучи на кампот на репрезентацијата кој од понеделникот е стациониран на Маврово. Извонредниот бек на турскиот Банвит треба да биде големо засилување за црвено жолтите за натпреварите со Косово и Естонија во августовските претквалификации за Светското првенство.

Нашиот Џордан потсетуваме беше избран и за МВП На Лигата на шампионите во организација на ФИБА, а во Македонија доаѓа со желба да го наследи прославениот Бо Меккејлеб. Инаку Теодор е низок играч всушност плејмејкер, позиција на која ние останавме тенки откако на селекцијата од различни причини не и се приклучија младите Ненад Димитриевиќ и Кристијан Николов кои требаше да го наследат Влатко Илиевски.

SHARE