Loading...

Три ракометарки на Вардар денеска ги официјализираа најавите и потпишаа за поранешниот Европски првак Букурешт. Пикерот Драгана Цвијиќ, крилото Јованка Радичевиќ и бекот Андреа Лекиќ одат во Романија принудно зошто од ЖРК Вардар пред извесно време им соопштија дека договорите нема да им бидат продолжени или обновени на лето.

Вардарки имаат девет победи сезонава во Лигата на шампионките и се водечки во својата група 2, а најголем противник за титулата, со оглед на тоа што е водечки во другата конкуренција, па и затоа што Ѓер е ослабен, се очекува да им биде токму Букурешт.
Овие два тима нема да се сретнат во четвртфиналето, сигурно, но многу веројатно ќе имаат мегдан во полуфиналето или финалето на Фајнал форот во Будимпешта, па не сомневајќи се во нивната професионалност, сепак, се поставува прашањето како ќе постапуваат трите сегашните Вардарки во дадениот и очекуван миг.