Кога подостарениот рокер Аксел Роуз и ветеранот на светската музика Том Џонс ќе се најдат на исто место, и се расположени за забава, таа по дефиниција ќе трае долго и завршува со интервенција на силите на редот. Тоа во Лондон им се случи на 55. годишниот поранешен фронтмен на групата Ганс Н Рузес и 77. годишникот запаметен по голем број хитови како Секс Бомб, Дилајла, Ши ис а лејди и други, кои придружувани од најмладиот во екипата Џејми Хинс (48 години) истерале забава која морало да ја прекинат полицајците.

По настапот на Роуз на концерт во Лондон друштвото продолжило и предизвикало скандал во еден елитен хотел од каде не сакаат да изнесуваат детали што се имало и што содржела бурната ноќ.

Ова изненадува особено во делот на Том Џонс кој од минатата година e вдовец и за кого се говори дека е во врска со вдовицата на Елвис Присли.

“Ние сме пријатели со Присила и ништо повеќе нема да зборувам освен тоа дека ми е драго што нашето пријателство преживеа”, рече Том пред некое време.

SHARE