Кога турски аскер пее „Македонско девојче“… (ВИДЕО)

Една од најпознатите песни на Јонче Христовски, „Македонско девојче“, од снимањето во 1964 година до денес е изведена од интерпретатори од најразлични страни на светот, меѓу нив и од хор во Јордан пред десетина дена, но изведба од турски војници сама по себе е „настан“.

„Турската армија со поддршка за Македонија! Турски војници ја пеат „Македонско Девојче“ во воен комплекс на турската армија!“, го најавува преформансот Фејсбук-страницата „Македонија – Macedonia“.