Марија Габриел, европски комесар задолжена за дигитални политики, ќе објави план за укинување на таксите за роаминг помеѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан на самитот во мај 2018 година во Бугарија.

Марија Габриел

Габриел за „Еуроактив“ изјави дека на состанокот ќе презентира план со детални „чекори“ околу проширување на забраната на ЕУ за наплатата на роаминг услугите кон Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Правните советници на Комисијата го подготвуваат планот.

Бугарија ќе биде домаќин на самитот за односи меѓу ЕУ и Западен Балкан на 17-ти мај во Софија. Земјата ќе ги надгледува дискусиите на земјите-членки околу законодавството на ЕУ кога ќе го преземе шестмесечното ротирачко претседателство со Советот на министри во јануари.

Законот стапи на сила во јуни, за да ги принуди телекомуникациските компании да престанат да наплатуваат роаминг такси за потрошувачите што патуваат меѓу земјите во ЕУ.

Но, Габриел сака да ги амортизира очекувањата за тоа колку години може ќе бидат потребни таков договор да стапи на сила.

„За мене, навистина е важно да не се создаваат очекувања кои не се изводливи и не се реални“ вели таа потсетувајќи дека овој процес во ЕУ  тоа траеше 10 години.

законодавството со кое се бара од компаниите да престанат да наплатуваат надоместоци за роаминг поминаа низ десетгодишни препреки и преговори и предизвикаа остри несогласувања меѓу телекомуникациските фирми, земјите-членки и европарламентарците.

Телеком-операторите тврдат дека законската забрана наметнува строга регулација на цените што ќе го оштети бизнисот

Компаниите можат да се соочат со казни ако продолжат да наплатуваат трошоци за роаминг на потрошувачите во рамките на ЕУ.

Компаниите за телекомуникации кои се спротивставија на барањето за забрана за наплата на роаминг во ЕУ, најверојатно ќе бидат вознемирени од планот за проширување на правилата на земјите надвор од блокот.

Оставете коментар