Кога пред два дена Реал Мадрид објави дека го купил 16. годишниот Винисиус Жуниор од Фламенго за 45 милиони евра, весникот Мундо Депортиво, прво излезе со став дека е премногу, а потоа се сврте наназад и направи листа на најскапите деца во глобалниот фудбал.

Еве ги останатите 5 тинејџери кои со своите трансфери ги празнеа сметките на големите клубови.

Антоан Марсијал го чинеше Манчестер Јунајтед 50 милиони фунти кои можат да пораснат за нови 30 за Монако ако напаѓачот игра во континуитет. Но, 19. годишникот, не се изнаигра на Олд Трафорд.

Лирој Сане од Шалке замина за Манчестер Сити кој одвои 50 милиони фунти, а претходно 20. годишниот Сане имаше само една добра сезона во Гелзенкирхен.

Година дена помладиот Габриел Жесус дојде од Палмеираш во истата екипа и тоа на препорака на Пеп Гвардиола за 32 милиони фунти. Но, се уште не го оправдал прекарот Габи гол.

По неколу екстра партии за Бенфика и за Португалија, Ренато Санчез беше желба на повеќе клубови, а пристигна во Баерн Минхен кој одвои 35 милиони евра. За сега 19 години стариот креатор главно грее клупа на Алијанц арена.

Лук Шо во 2014. година мина од Саутемптон во Манчестер Јунајтед за 37.5 милиони евра со убедување дека е најдобриот лев бек на светот. Сега има 22 години и јасно е дека не бил.

SHARE