Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ цел ден го бркаше Доналд Трамп низ седиштето на НАТО. Камерите ја снимија како упорно се обидува да му се приближи на американскиот претседател и како на крајот успеа во тоа. На почетокот таа беше прилично оддалечена од Трамп, но упорноста и се исплатеше.

Колинда во финишот на поворката, па и за време на говорот на Ангела Маеркел, ја исполни зацртаната цел, но затоа хрватските медиуми веднаш тргнаа да ја “раскинуваат”.