Колку чини животот на Балканот?

Loading...

Најскапите земји во регионот се Словенија и Хрватска, додека Косово е меѓу десетте најевтини места за живеење во светот, покажува ранг-листата на MoveHub, специјализирана агенција која информации за нај(не)популарните дестинации за живот.

Пресметката за трошоците за живот во земјите ширум светот се прави врз индексот кој ги зема предвид цените на храната, транспортот, рестораните и комуналните услуги.

Списокот е направен врз основа на просечните трошоци за живот споредни со животот во Њујорк. На пример, ако земјата има индекс на трошоците на животот (CPI) 70, тоа значи дека во просек има 30 отсто пониски животни трошоци од Њујорк.

Така, од земјите во регионот, Словенија и Хрватска се најскапи за животот и се наоѓаат на 39 и 48 место во светот.

Црна Гора е на 74 место, а во истата група се Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Македонија, каде што индексот на трошоци (CPI) се движи од 34,84 во Македонија до 39,59 во Србија споредено со

Косово е на 109 место на листата која вклучува 115 земји.

Според овој список, најевтина земја за живот во светот е  Пакистан (25.08) по која следуваат нешто „поскапите“, Египет (25,69), Украина (25,98),  Индија (26,88),  Тунис (27,67),  Сирија (27,81),  Косово (29.44),  Грузија (29,66), Азербејџан (30,62) и Бангладеш (31,99).

Наспроти ова најскапи земји за живот, поскапи и од живот во Њујорк се:

  • Бермуди (144,88)
  • Швајцарија (131.39)
  • Исланд (123.96)
  • Норвешка (113,70)
  • Бахами (100,68)