Колоски: Трамп да ја реши македонската загатка!

„Во духот фундаменталните меѓународни норми како што се самоопределување и човекови права и инспирирани од зборовите на д-р Мартин Лутер Кинг – дека ‘неправдата насекаде е закана за правдата насекаде’ – САД имаат обврска ја надминат националната политика и да прозборат против неправдите против Македонија и македонскиот народ.

Ја повикуваме администрацијата на Трамп веднаш да преземе акција по ова прашање и да го потврди силното пријателство меѓу САД и Македонија. Веруваме дека соодветно решавање на ова прашање е клучно за стабилноста на Балканот“, се вели во написот на Методија Колоски објавен во The Daily Caller, во кој го повикува американскиот претседател да интервенира во ирационалнитот спор за името и грчките притисоци врз Македонија.

Во написот, Колоски еден од основачите и актуелен претседател на Обединетата македонска дијаспора (UMD) потсетува дека „оваа година се одбележува 115-годишнината од првата модерна македонска држава, херојски основана во 1903 година во Крушево. Сепак, иднината на Македонија е во сериозна опасност, поради извонредната кусогледност на нејзината влада, како и ескалацијата на воинственоста на соседна Грција“.

Како одговор, пишува Колоски, во текот на изминатиот викенд повеќе од 100.000 луѓе се собраа мирно во 16 градови низ светот, вклучително и во Скопје, Македонија.

Тие протестираа под мотото “#WeAreMacedonia – Enough is Enough ” и побараа безусловно меѓународно признавање и користење на вистинското име на Македонија, Република Македонија. Тие, исто така испратија  јасна порака: Македонците сакаат да станат членки на НАТО (а можеби и ЕУ), но не по цена на името на Македонија, македонскиот идентитет или македонскиот јазик. Според тоа, Македонија мора веднаш да се повлече од “преговорите за името” предводени од ОН со Грција.

Коловски уште потсетува дека „Македонија е еден од најлојалните и посветени сојузници на САД. Секој пат кога САД и меѓународната заедница ја повикувале Македонија за помош – во Авганистан, Ирак или Косово – Македонија стоеше рамо до рамо со своите сојузници за борба против насилниот екстремизам и тероризам“.

Сепак, Република Македонија останува единствената земја во светот лишена од своето право на самоопределување. Повеќе од еден век, Македонците се борат против грчкиот културен и етнички геноцид, констатира во написот претседателот на Обединетатат македонска дијаспора, Методија Колоски.