Коментари за реакцијата на Белата Куќа за Македонија

Дел од следбениците на портпаролот на Белата Куќа, Шон Спајсер кој синоќа преку својот профил на социјалната мрежа Твитер  побара јавноста да замисли како Хилари Клинтон како претседател на САД би се обидела да добие поддршка од Обединетите Нации и НАТО за авио напади во Македонија, не ја разбраа неговата ироничка порака.

Некои од нив прашуваат зошто САД би требало да ја бомбардира Македонија на што дел од коментаторите велат дека причината е „недостаток на демократија во земјава“ а дел пак велат дека „Клинтон веќе извршила напад врз Македонија со поставување на влада од кукли на Сорос која што е составена од партии кои што изгубиле на изборите“.

Дел од коменарите пак за тие што не се информирани објаснуваат дека Клинтон сака да ја бомбардира Македонија затоа што во својот „делузивен“ медиумски настап ја обвинила Македонија за својот пораз од Трамп.

Дел од следбениците на Спајсер на Твитер се шегуваат и велат дека причината за воздушни напади на Македонија е што таа е светска сила што се повеќе се наметнува а дел од „Твитерџиите“ користат навредлива слика и коментар во кој прашуваат дали Клинтон треба да нападне долу лево или горе десно.

„Значи исто како и Бил и Хилари ќе има своја епизода Моника (Левински) за да ја покрие со воздушни напади. Македонија има среќа да биде извлечена за напад“ , се вели во друг коментар на симпатизер на Трамп.

Приврзаник на Хилари Клинтон на постот коментира со порака која што е прикриена од Твитер поради навредливите зборови во неа.

„Што ви е вам и претседателот ма..аре? Зошто обајцата зборувате за Хилари. Иди..от во Белата Куќа ќе оди во затвор“, се вели во пораката која што може да се види на барање на корисниците на Твитер.

„Само замислете како претседателката Холари Клинтон се обидува да изгради поддршка од ОН и НАТО за изведување воздушни напади на Македонија“, напиша во својата порака портпаролот на американскиот претседател Доналд Трамп.

Спајсер саркастичната порака за Клинтон ја даде откако предходно за американските медиуми Хилари Клинтон посочи две причини за нејзиниот пораз на претседателските избори: Македонските хакери од Велес и Русија.

Пораката на Спајсер беше објавена само еден час пред американскиот претседател Трамп да објави дека САД се повлекува од парискиот договор за климатски промени што е еден од најкрупните чекори на американската држава на мултилатерален план во последниве децении.

SHARE