“Комити” се пакуваат за Малме, “Чкембари” за Полска, а “Балисти” за Молдавија

Македонските претставници во фудбалска Европа денеска во Нион ги дознаа противниците за првите натпревари во новата клупска фудбалска сезона на стариот континент.

Работнички како единствен носител од македонските клубови доби лесен противник, екипата на Тре Пене од Сан Марино. Работнички ќе биде домаќин на првиот меч на 29. јуни, а по седум дена ќе гостува во Сан Марино.

Шкендија ќе игра со молдавскиот тим Дачија, прво на гостински терен на 29. јуни, а по седум дена на реваншот ќе биде домаќин.

Пелистер според имињата на противниците доби најтежок ривал. Битолчани ќе играат со Лех Познањ во Полска на 29. јуни, а потоа на свој терен на 6 јули.

Противник на Вардар во квалификациите за Лигата на Шампиони ќе биде шведскиот клуб Малме. Термините се 11/12 јули за меч на гости односно 18/19 јули за домашен дуел. Во овој град има голем број македонски иселеници, а до таму има и евтина директна авио линија од Скопје.

SHARE