„Комунална хигиена“ пред времето со двојазичните сметки за ѓубре

Уште недонесен Законот за употреба на јазиците, со кој албанскиот од денеска станува двојазичен на целата територија на Македонија, Јавно претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје е пред времето: веќе дистрибуира двојазични сметки за ѓубре за фирмите во главниот град.

Ништо чудно, би рекле, па нели јазикот што го говорат најмалку 20 проценти од населението во единиците на локалната самоуправа може да се користи заедно со македонскиот како досега единствен официјален во целата држава?

Да, точно, но што правиме со сметките за вода и за смет што скопјани ги добиваа(т) од ЈП „Водовод и канализација“, кои се само на македонски јазик?

 

Град Скопје е основач и на двете претпријатија, а употребата на јазикот се третира различно. Во „Комунална хигиена“, чиј директор е Ракип Дочи, двојазичноста е апсолвирана работа, а во „Водовод и канализација“ со в.д. директор Душко Весковски, очигледно – не.

Зависи ли тоа од националноста на директорот или станува збор за нешто друго?

 

Оставете коментар