A mural in support of same sex marraige on the Falls Road in Belfast as the landmark case Belfast High Court against ban on gay marriage in Northern Ireland is expected to open.

Европската комисија и Европскиот парламент повикаа сите земји-членки на ЕУ да ја ратификуваат Истанбулската конвенција против домашното насилство врз жените и децата.

Заменик-претседателот на ЕК, Андрус Ансип, вели дека Конвенцијата нема скриени цели и дека неговата вистинска цел е да се бори против насилството над жените.

Текстот на конвенццијата, според него, предизвика интензивни јавни дебати во некои држави поради погрешен превод и неправилно толкување на терминот „род“.

„Постојат стравувања дека ратификацијата на Конвенцијата ќе ги принуди земјите членки да признаат истополовите бракови или да даваат статус на бегалец на транссексуалци или интерсексуални лица. Да бидам јасен. Целта на Конвенцијата е да се бори против насилството врз жените, нема никаква друга скриена цел“, вели Ансип.

Повикот е до земјите, 11 на број кои сé уште не ги имплементираа текстовите на Конвенцијата во нивното законодавство. Сите земји-членки ја потпишаа Конвенцијата, но само 17 од нив ја ратификуваа: Австрија, Белгија, Германија, Данска, Естонија, Шпанија, Италија, Кипар, Малта, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Словенија, Финска, Франција и Шведска.