“Коста звани гроф” меѓу првите жртви на договорот со Бугарија

Филмот “Трето полувреме” на режисерот Дарко Митревски да биде ставен под ембарго за емитување на Македонската телевизија или на други медиуми под контрола на македонските власти.

Ова е едно од барањата на бугарската страна што Скопје треба да го исполни за да дојде до потпишување на  “Договорот за добрососедство” кој според Бојко Борисов ќе биде потпишан на Илинден.

“Трето полувреме” се наоѓа во пакетот барања на бугарската страна кој што е поврзан со македонските навики Бугарија секогаш да ја третира Македонија како непријател, фашистичка земја и окупатор во втората светска војна, вели информацијата од Софија.

Извори на expres.mk во експертската група на Бугарската академија за науки (БАН) вели дека филмот во кој се третира погромот на македонските евреи од бугарските власти направил огромна штета на Бугарија пред се во односот со Израел, и ако Македонија сака да упати пријателски пораки кон Софија истиот треба да го стави “во бункер”.

Во Софија се свесни дека македонската влада нема влијание на приватните медиуми каде што може да се емитува филмот но ембаргото на МТВ ќе биде одличен знак за промените на политиката на новата влада во Скопје.

Премиерот Заев по посетата на Софија изјави дека Македонија во духот на пријателството од учебниците ќе ги извади сите навредливи и провокативни содржини кон  Бугарија.

Филмот “Трето полувреме” е снимен во 2012 година со финансиска поддршка на македонската влада.

Тој не постигна поголем успех на меѓународни фестивали но на секое од неговите емитувања како филм или серија на МТВ беше гледан од стотици илјади гледачи.

Главни улоги во филмот за еврејската депортација од Македонија се “Коста звани Гроф” кој го глуми Сашко Коцев и Еврејката “Ребека” која ја игра моделот Катарина Ивановска.

Потпишување на договор за добрососедство со Македонија е клучниот предуслов за бугарската помош на патот до ЕУ и НАТО.

За негово постигнување потребна е огромна толеранција на бугарските провокации кои што зачестија последниве денови. (читај тука за бугарските провокации)

SHARE