Познатиот српски режисер Емир Кустурица имал сообраќајна несреќа на раскрсницата кај Љиг, но состојбата му е сосема добра и тој по прегледите уште синоќа бил пуштен на домашно лекување. Во инцидентот во кој мерцедесот со кој Кустирица се движел кон аеродромот во Белград, од каде требало да лета за Москва, излета од патот, Кустирица се здобил со модринки, а потешко настрада неговиот возач Вичентије Савиќ кој има сршена градна коска.

Кустурица е убеден дека нема возачка грешка, впрочем Савиќ е поранешен ас на брзинските спортови, и затоа се подоготвува тужба за изведувачите на работите на патот.

“Јас минав без последици и веќе работам, но ќе тужам за да спречам други несреќи кои можат да се случат ако нема интервенција на сигнализацијата и на знаковите на овој дел од патот”, изјави за српските медиуми Кустурица кој со автомобилот се излизгал по Ибарската магистрала и завршил во земјен ѕид висок 20 метри.

SHARE