Кохабитацијата е мртва, премиерот го навреди претседателот

Loading...

Македонската политичка криза денеска влезе во нова фаза откако премиерот Заев во изјава за медиумите грубо го навреди претседателот Иванов кого го обвини за кукавичлук.

Заев смета дека Иванов е кукавица затоа одбил да го потпише Законот за јазиците за да може тој да профункционира.

Во Македонија досега имало 4 случаи на кохабитација (Глигоров – Георгиевски, Трајковски – Црвенковски, Црвенковски – Груевски и Иванов – Заев) а денешното обвинување за кукавичлук е најеклатантен пример за лоша кохабитација.

Иванов од 2014 година е во конфликт со партијата ДУИ која тогаш бараше консензуален кандидат за претседател но во ниту еден наврат јавно не го навредуваа шефот на државата.

Доколку Заев не се повлече и извини или пак Иванов не преземе чекори за смирување на тензиите меѓу двете најмоќни функции во државата блокирани ќе бидат огромен број на други процеси во кои заедничка улога имаат претседателот и премиерот.

Доколку наскоро оваа ситуација не се промени Македонија ќе остане без Гувернер на Народната банка но и без амбасадори во голем број амбасади.

1 Коментар

Comments are closed.