Кочан добил притвор без докази

Loading...

 Врховниот суд смета дека не постоеле доволно докази дека бизнисменот Сеад Кочан го сторил кривичното дело кое му се става на товар, кога Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја прифатил жалбата на СЈО и му определи притвор.

Во решението на Врховен објавено денеска, покрај тоа, се наведува и дека одбраната имала право на жалба во рок од 24 часа на одлуката на Кривичниот совет на определувањето на притвор и жалбата го запира извршувањето на одлуката.

„Во конкретниот случај, имајќи го предвид суспензивното дејство на жалбата, решението на Кривичниот совет не станало правосилно, меѓутоа и покрај тоа, судот не само што дал погрешна поука, туку и им наложил на овластените службени лица од МВР на РМ да преземат мерки за пронаоѓање и лишување од слобода на Сеад Кочан и да го спровеат на издржување на мерката притвор во затвор Скопје“, се наведува во решението на Врховниот суд.

Ниту Апелациониот суд не ги исправил повредите на Кривичниот совет, ниту пак нивната одлука со која се потврдува притворот, дека таа не содржи факти и докази од кои произлегува основано сомнение дека осомничениот го сторил кривичното дел што е основен предуслов за определување притвор.

Во однос на тоа дека оспореното решение на првостепениот суд за определување притвор не содржи доволно факти и докази од Врховен сметаат дека само доколку е исполнет таквиот предуслов и доколку притворот е неопходен за непречено водење на кривичната постапка, судот може да се впушти во оценка на постоењето на основите за определување притвор.

Одлуката е потпишана од претседателот на Врховен суд, Јово Вангеловски кој е и претседател на Советот кој го прифати барањето за заштита на законитоста поднесено од Марко Зврлевски.