Македонската репрезентација денеска замина за Маврово каде ќе ги продолжи подготовките за настап во претквалификациите за Светското првенство. Избраниците на селекторот Јорданчо Давитков на високо ќе престојуваат во следните седум дена, а потоа заминуваат за Словачка каде ќе одиграат две контролни средби. Потоа во Скопје следува дуел со Бугарија, а како круна на подготвителниот период е традиционалниот турнир Трофеј Македонија.

Од 2. до 19. август играме со Косово и Естонија, дома и надвор, и ќе се потрудиме да освоиме едно од првите две места во групата и да обезбедиме настап во квалификациите.

SHARE