Кошаркарите на Фенербахче го демолираа Олимпијакос (80-64) во финалето на Евролигата во Истанбул и ја освоија својата прва титула. Таа, пак, е трета за нашиот Перо Антиќ и дури деветта за тренерот Жељко Обрадовиќ. Нашиот репрезенативец постигна една тројка и едно слободно, а најефикасни во дуелот во Синан Ердем салата беше Калиниќ и Богдановиќ со по 17 коша.

Во мечот за третото место, во предигра на финалето ЦСКА беше убедлива со Реал Мадрид (94-70).

 

SHARE