Бојан Трајковски наверојатно ќе ја пропушти летната авантура на нашата најдобра кошаркарска репрезентација поради повреда која го мачи од завршувањето на клупската сезона. Центарот кој имаше сосема добра сезона во Карпош Соколи има проблеми со тетивата и се појави на тренинг на селекцијата во Борис Трајковски, но соопштил дека според лекарите мора да одмора 30 дена, што претпоставува дека не би бил на ниту еден ден од подготовките.

Ако Трајковски кој е желба на новиот тренер на МЗТ Скопје, Тодоров, не доаѓа, а тоа е извесно, тогаш директорот Гечевски и селекторот Давитков ќе инсистираат на Ѓорѓи Чековски, па центарот на Работнички се очекува следната недела.

Македонската кошаркарска репрезентација од 2. до 19 август игра во претквалификации за СП против Косово и Естонија.