Голем инцидент се случи во раната фаза од финалето на Купот на Македонија во кое играат Работнички и МЗТ Скопје. Како што пренесува порталот Gol.mk, а го илустрира и со слика дуелот на навивачите, а потоа и со полицијата бил жесток и немилосрден.

При 12-9 за МЗТ во седмата минута од првата четвртина, во делот од салата „Јасмин“ каде што се сместени симпатизерите на Работнички мораше да интервенира полицијата откако прво дојде до пресметка на скопските со навивачите на Фени, а потоа гостинските се судрија и со полицијата. За сега и покрај бруталноста нема информации за повредени.

SHARE