Loading...

„Присуството на митингот беше израз на демократското функционирање на владата во земјата, беше израз на болката на Грците, кои понекогаш погрешно ги идентификуваат преговорите со судбината на грчката Македонија“, вели министерот за надворешни работи на Грција, пренесува АНА- МПА.

Митингoот во Солун нема да има влијание врз преговорите за прашањето на името на Македонија, изјави министерот за Никос Котиас во Брисел, веднаш по завршувањето на Советот за надворешни работи на ЕУ.

Коциас вели дека прашањето на името ќе се реши врз основа на идната стабилност и безбедносни перспективи на регионот, на улогата на грчката дипломатија и потребата на Грција да има водечка улога во регионот. Тој истакна дека „ блиску сме до некои прашања за решенија“, но сé уште треба да се справиме со нив.

Според Косиас, на 24 јануари, кога грчкиот премиер ќе се состане со новиот македонски премиер Зоран Заев во Давос,  „ќе се одржат разговори и ќе се покаже каде се движиме“.