Коѕијас доби куршум во писмо

Loading...

Куршум завиткан во писмо пристигна на почетокот на неделата во Министерството за надворешни работи и го примил лично министерот, Никос Коѕиас.

Писмото, наводно, имало врска со тековните преговори и македонското прашање.

Како што открива „The New Weekend“, иако целиот настан не е познат како и дали безбедносната мрежа што открива сомнителна пошта работела или не, пратката веднаш била испратена за истрага до полицијата.

За случајот е запознат министерот за правда и премиерот Алексис Ципрас.

Во февруари министерот за надворешни работи и други владини претставници добија заканувачки писма.