Која е единствената апликација на ајфонот на Трамп?

Откако претседателот на Америка Доналд Трамп некое време користеше паметен телефон што работи на Андроид, од неодамна мораше да го замени овој телефон со побезбеден модел и тоа на iPhone, пишува порталот Зазабава.

 

Иако минатата година јaвноста ја повика на бојкот против телефоните на Apple, затоа што Тим Кук не сакаше да го отклучи iPhone-от на терористот од Сан Бeрнандин, на крајот сепак попушти па и сега користи телефон со логото на јаболко.

На овој телефон Трамп има само една апликација Twitter, која е симната од AppStore.

Трамп е познат по своите контроверзи твитови, па е често на мета на критики, а на оваа социјална мрежа го следат повеќе од 30 милиони корисници.