Фудбалерите на актуелниот македонски фудбалски шампион загубија за прв пат во пролетното продолжение од Првата лига, и сериозно и опасно се оддалечија од одбрана на титулата. Вардар попладнево во Скопје е поразен во воведниот дуел од 21 коло, од својот прв сосед Работнички со 2-1.
Романтичарите кои беа домаќини на арената Филип втори, поведоа рано со голови на Херера во 2 и Ангелов во 6 минута, а потоа се бранеа и се одбранија иако црвено црните намалија преку Попов во 79 минута, а пред крајот на домашниот фудбалер Божиновски му беше покажан црвен картон.

Ако Шкендија утре слави во средбата со Академија Пандев ќе создаде 11 бодови разлика на врвот од табелата, тукму пред Вардар.

SHARE