Кој во МВР ќе се грижи за јавниот ред и мир а кој за терористи

Министерството за Внатрешни Работи на својата веб-страницата ги објави биографиите на Горан Николовски, новиот директор на УБК, и на директорот на Бирото за Јавна Безбедност, Лазо Велковски.

Според нивните биографии се работи за професионалци кои долги години се во МВР и други безбедносни служби.

Николовски дипломирал на Факултетот за безбедност. Од 1992  – 1997 година бил оперативен работник во УБК (поранешна ДБК), од 1997  до 1998 е началник на Сектор во УБК.

До 1999 работел како  главен инспектор во УБК, а од 1999 до 2001 е главен инспектор по контраразузнавање. Две години, од 2001 – 2013, е началник на Секторот за контратероризам, а од 2013 – 2015, е началник на Оддел за контраразузнавање и од 2015 – 2017  помошник директор за контраразузнавање. Учествувал на конференции, семинари и обуки од областа на контратероризмот и контраразузнавањето во земјата и странство.

Лазо Велковски, пак, директорот на БЈБ, дипломирал на Факултетот за безбедност како дипломиран криминалист.

Вработен е во Министерството за внатрешни работи од 01.03.1991 год. Во текот на работната кариера извршувал работни задачи на повеќе позиции во Министерството за внатрешни работи и Агенција за разузнавање. До 2002 год. бил припадник на ПЕП (Посебните едниници на полиција) при што учествувал  во многубројни акции и операции при нарушен јавен ред и мир.

SHARE