Кој е човекот што пукал на Никола Тодоров?

Велешанецот Љупчо Стојановски, на возраст од 57 години го сторил обидот за убиство врз поранешниот министeр за здравство и поранешен вицепремиер Никола Тодоров. Стојановски чии мотиви за нападот сеуште се непознати веднаш е приведен од страна на полицијата.

Екс министерот за здравство Никола Тодоров е надвор од животна опасност откако беше цел на вооружен напад пред министерството за здравство.

Едно лице е приведено и е на испрашување во полиција по нападот кој денеска се случи врз Тодоров.

Од МВР за медиумите велат дека  во 12:05 кај нив е пријавено дека на улица 50. Дивизија е нападнат Никола Тодоров, по што полицијата веднаш интервенирала и во врска со настанот е приведено едно лице. Кон Тодоров било пукано со огнено оружје.

SHARE