Кралицата Елизабета заработила 8,8 милиони долари од коњски трки, или попрецизно од коњите од нејзиното одгледување во последните три децении, сооштуваат од британската Федерација на коњски трки.

Коњите на кралицата освоиле 451 од вкупно 2.815 трки од 1988 година, кога официјалните записи почнале да течат, објави СNN.

Минатата година беше најпрофитабилна за кралицата во однос на заработката и таа оствари добивка од 731.413 долари. И оваа година и оди добро, па до сега во 2017 година таа заработи 542.531 долари.

Сè на сè, овие бројки ја ставаат англиската кралица на 11 место како најуспешен сопственик на коњи за трки од 1988 година.