Поранешниот на Северина доби втор син

“Кралот за бакарот”, Милан Поповиќ во вторникот стана татко по втор пат. Неговата 23. годишна партнерка Бојана се породила и вљубениот пар добиле син. Ова е второ дете на Милан, тој со познатата хрватска пејачка Северина има четири годишен син Александар, а новородениот син Милан го крсти по самиот себе.

Милан стана мултимилионер во финишот на претходниот век кога од таксист стана човек со екстремно многу пари. Во периодот од 2010. година до 2013. година беше во фокусот поради бракот со Северина Вучковиќ по што малку се притаи во Швајцарија каде му е базата.

SHARE