Навивачите на Партизан и Црвена Звезда се судрија доцна синоќа во Белград што создаде хаос и страв кај обичните граѓани, и немир по улиците. Според Телеграф.рс Делиите ги нападнале гробарите додека овие, петти ден по ред, ја прославувале фудбалската титула освоена минатиот викенд.
Во инцидентет со огромни размери биле користени бенгаласки огнови, стапови, шишиња и друго, и сигурно има доста повредени, сведочат граѓаните кои се затекнале во близина, а судат и од полицијата по големите дамки крв што останале по двобојот.

Партизан и Црвена Звезда в сабота ќе имаат уште еден натпревар, тој од финалето на Купот на Србија.

 

SHARE