Финишот на четвртата етапа на овогодишното издание на велосипедската трка Околу Франција донесе скандал во кој беа инволвирани два големи шампиона од минатото. До душа Марк Кавендиш нема вина бидејќи Петар Саган го оттурна со лакотот Британецот по што овој заврши в болница на шиење. Словакот кој имаше етапна победа претходниот ден се извинил, но дисциплинската комисија на Меѓународната велосипедска федерација немала милост и веднаш го суспендирала.

За Кавендиш е неизвесно дали ќе може да продолжи на Тур Д Франс.