Најдобриот фудбалер на светот постигна гол и против Борусија Дортмунд, со што стана сопственик на рекорд кој вели дека тој дал гол во сите 6 средби од групната фаза од ЛШ. Кристијано Роналдо го стори тоа што не им успеало на сите негови колеги напаѓачи во историјата на Лигата на фудбалските шампиони. Португалецот сега има 9 гола, што, пак, сè уште е многу далеку од рекордните 17 што ги даде пред четири сезони.

Оставете коментар