Италијанскиот магазин Карас тргна да ја разубедува мајката на најдобриот фудбалер на светот Кристијано Роналдо која тврди дека неговата девојка Џорџина Родригез не е бремена. Списанието дошло до фотографии од двојката од кусиот одмор на Сардинија на кои убаво се забележува заоблено стомаче кај шпанската манекенка.

Инаку Долорес, мајката на Роналдо по објавата дека Џорџина е бремена остро демантираше, на што пак, друг Италијански таблоид Чи излезе со сторија дека Кристијано од врската која трае шест месеци веќе очекува близнаци. Според весникот госпоѓица Родригез е во четврти месец од бременоста, а тоа вели дека породувањето би било во октомври евентуално ноември. Роналдо веќе има едно дете од сурогат мајка, малиот Роналдо јуниор кој има седум години.

SHARE