Кумановка загина за Исламска држава во Сирија

Жена од Куманово, членка на терористичката организација Исламска држава, е убиена во Сирија, потврдија нејзини роднини.

„Таа заминала од дома пред четири години и подоцна се разбрало дека се приклучила на Исламска држава во Сирија“, јави порталот „Реалитети“.

Најмалку 15 лица од Македонија загинаа на боиштата во Сирија и во Ирак.