Несекојдневен момент се случи на 15 минути до крајот на мечот во Скопје меѓу Вардар и Розенборг (1-1) од фудбалскатаЛ ига Европа кога куче влета на теренот, а играчите се обидуваа да го изнесат односно избркаат. Прашање е од каде дојде песот, кој дозволил да биде внесен, или пак, миленикот бил дел од специјалните полициски екипи, па се истргнал од контрола. Не е ни важно, битно е дека ова беше незапамтена сцена, а како станува збор за животно кое може да биде и опасно, не е исклучено да ни се случи сериозна казна.

УЕФА, пак, сигурно ќе санкционира и тоа драконски за запалените факли на навивачите на Вардар што најдобро се забележа кога целиот терен беше покриен со чад.
Куче и запалени факли. Премногу за еден дуел, па макар бил и во Скопје.

Оставете коментар