Профилот К4РА74‏ на социјалната мрежа Твитер со интересна анализа зошто Македонија не може да стане членка на НАТО или да почне преговори за влез во ЕУ. 

Според анализата Русија преку своите соработници и партнери во Бугарија и Грција не дозволува решавање на спорните точки од односите меѓу Македонија и двата соседи и затоа земјата е блокирана при влез во НАТО и преговори за влез во ЕУ.

Според информациите дадени во анализата кои што се прилично реални и познати во јавноста Русија преку руско – грчкиот бизнисмен Иван Савидис ја турка агендата во Грција а преку своите соработници од коалицијата „Обединети патриоти“ се блокира Македонја во Бугарската влада.

Во Грција преку Савидис кој е спонзор на коалицијата Сириза  (Фракција 53) и партијата Анел се гради политика на вето за Македонија во НАТО која што е поддржана од Неа Демократија односно од партиската фракција која што е под контрола на екс претседателот Константин Караманлис.

Во Бугарија оваа цел се постигнува преку руското влијание на Обединетите Патриоти на АТАКА, ВМРО БНД на Красимир Каракачанов и Националниот Фронт за спас на Бугарија (НФСБ) кои што како националистичка структура која што се бори против македонизмот не дозволува Македонија да стане член на НАТО или да започне преговори за влез во ЕУ.       Бугарската влада преводена од Бојко Борисов има само 1 пратеник повеќе од потребното мнозинство.

 

 

SHARE