“Лабуристите” се извинија, ТВ Си-Би-Ес со нова навреда за Македонците

 

По интервенцијата на македонската заедница во Австралија официјално извинување упати лидерот на Лабуристичката партија Бил Шортен и кандидатката за пратеник Гед Керни која објави флаери во кои во графата Македонски на пропагандна брошура беше печатен текст на грчки јазик.

И додека Лабуристичката партија се извинуваше телевизијата СБС со нова навреда за Македонците.

Иако Лабуристите упатија извинување до македонската заедница за македонскиот јазик, за телевизијата извинувањето беше упатено до “австралиската заедница од Фиром”.

Веднаш по објавувањето на извинувањето со оваа квалификација, реакции до телевизијата дојдоа од голем број македонски организации и поединци.

Сега извинување се бара и од телевизијата која нашинците ја квалификуваат како “прогрчка”.