Лавров: Западен Балкан принуден да направи избор меѓу Запад и Русија

Москва не гледа никакви проблеми во врска со плановите на балканските земји за пристапување во Европската унија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, во интервју за за бугарскиот магазин “Меѓународни односи“.

„Тие (балканските земји) треба независно да оценат, без странски притисок, до кој степен можат да ги исполнат предуслови за членство во ЕУ во согласност со нивните национални интереси“.

Но, Лавров смета дека НАТО „е опседнат со идејата за т.н. развој на Балканот, што доведува до поларизација на европскиот континент“.

„Уште кога Црна Гора беше вовлечена (во НАТО), без да се земе во предвид мислењето на луѓето, НАТО ги засилува своите заложби за пристапување на Македонија и има слични планови со Босна и Херцеговина. Ова создава поларизација во европскиот континент и ја ослабува архитектурата на европската безбедност. Тоа тешко може да биде во интерес на европските народи“, заклучи Лавров.

Очигледно се интензивира напорите насочени кон поткопување на врските меѓу Русија и земјите од регионот кои траат со векови, продолжи тој.

„Тие (балканските земји) отворено се… принудени да направт избор: „Со нас или против нас“.

Со други зборови, треба да застанат или на страната на Москва или на Вашингтон и Брисел.

Целта на ваквите потези е да се создаде уште пред конфронтација. во Европа“ рече рускиот министер според кој „јавноста во балканските земји се противи на спроведување такви сценарија“.