Германски дизајнер Карл Лагерфелд (80) кој работи за модната куќа Шанел, ја шокираше публиката на француската телевизија изјавајки дека не се сложува со миграциската политика на официјален Берлин.

Телевизиска станица доби стотици лути коментари од гледачите на кои не им се допаднаа ставовите на познатиот дизајнер за актуелнниот однос на Германија кон бегалците, како и контроверзните ставови за холокаустот.

“Може ли некој, иако станува збор за настани кои се децении зад нас, да убие милиони Евреи, а потоа на нивно место да донесе милиони заколнати непријатели”, вели дизајнерот.

“Знам луѓе во Германија, кој примиле млад Сириец, но по четири дена ќе речат “Најдоброто нешто што Германците го измислиле е холокаустот”, изјави Лагерфелд.

Лагерфелд, кој е роден во Хамбург во времето кога Адолф Хитлер дојде на власт е познат по неговите контроверзни изјави, а посебна цел е германскиот канцелар Ангела Меркел.

„Ќерката на свештеникот веќе доби милиони и милиони имигранти, и тие се интегрирани и се е одлично … Можеби треба да се земат уште неколку милиони мигранти за да се поправи имиџот на лошата маќеа по грчката криза“, изјави Лагерфелд.

„Погледнете ја Франција, земјата која се залага за човекови права. Колку бегалци прими 10.000, 20.000“, праша иронично Лагерфелд.

Оставете коментар