Лазе Еленовски кадар на ДУИ, владата со “помалку мозок од него”

Именувањето на екс амбасадорот Лазе Еленовски за специјален владин советник за НАТО во Брисел предизвика силни реакции дури и кај поддржувачите на владата.

“Да го поставиш Еленовски на било каква висока функција, дури и ако цело време бил на твоја страна, се борел заедно со тебе и учествувал во сите протести, значи дека си очаен во немањето кадри. А вака, по се’ што „работеше“ човекот во последние 11-12 години, значи дека немаш мозок ни колку него. Не можам да видам друго објаснување”, пишува новинарот Миодраг Мишолиќ во својата невообичаено оштра реакција за ова кадровско решение на владата.

Уште еден новинар и заменик министер за надворешни работи во времето ма ВМРО – ДПМНЕ Зоран Петров со објаснување дека Еленовски не е избор на СДСМ и премиерот Заев туку на ДУИ и лидерот Ахмети.

“Човекот е кадар на ДУИ, а вчера на седница на Владата, беа поставувани за директори, членови на ДУИ”, вели Петров кој е член на Демократскиот Сојуз на Павле Трајанов кој до пред две години беше во коалиција со Груевски а сега е дел од владата на СДСМ.

SHARE