Лејкерси се во пол позиција за носење на Леброн Џејмс за следната сезона. Кралот е разочаран што и покрај предупредувањата во Кливленд не беше составен тим за одбрана на НБА титулата, па се подготвува за нова селидба. Клиперси први реагирале, но Леброн никогаш не криел дека Лејкерси му се при срце.

“Кралот” како што нарекуваат во НБА, но и во целиот спортски свет е гаранција дека, кој и да е тим во лигата ќе стане конкурентен бидејќи тој со Кливленд и Мајами веќе настапи во седум пресметки за прстените. Во три славеше, но тоа не го задоволува 30. годишникот од Акрон, кој го расплака Охајо кога замина на Флорида во 2010. година, но и го воодушеви кога се врати пред три сезони, а особемо лани кога со пресврт (од 1-3) во финалето со Голден Стејт на градот Кливленд му ја донесе прва титула од големите првенства по половина век.

Клиперси имаат добар тим кој никако да стаса барем во конференциското финале на западот, а Лејкерси кои имаат 16 НБА трофеи во последните сезони се вистински дебакл и воопшто не играат во плеј офот.

SHARE