Рускиот тим кој го направи првиот „Hoverbike“, како оние од Star Wars, сега сака да направи летачко такси што треба да биде решение за најблиска иднина, па дури и за сегашноста.

Проектот „Hoversurf Formula“ може да носи пет луѓе, користејќи ги крилата и има 52 турбини за да се задржи во воздух. Веројатно најдоброто нешто за патниците е тоа што нема да ви треба летачко искуство за возење во Формулата.

Компаниите велат дека ова е нивната визија за решение на метежот и секојдневното патување на работа. Тие додаваат дека проблемот со летачкото такси е тоа е дизајнирано за иднината, каде што не мора да бидат паркирано во гаража или на нормални паркиралишта. Формулата е создадена за сегашноста и ќе може да се паркира како обичниот автомобил кога нејзините крила се преклопени.

Оставете коментар